Заев: Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот син „кочи Мицко“

од Nikola Popovski
257 прегледи

Помалку се сомневам да не има двајца исти луѓе со мое име и презиме. Еден Зоран Заев, кој што е секојдневие наше кој е тука со својот народ и донесе еминентни награди и номинации од Нобелови награди и еден друг Зоран Заев во својата татковина, кој се соочува со фејк-њуз напади, оркестрирани и иницирани од Будимпешта, но пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако се двајца, бидете сигурни дека се скарани, вака премиерот Зоран Заев го почна својот говор на вечерашната промоција во Битола, на кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски.

Toj објасни дека „луѓето од ВМРО-ДПМНЕ играат во сличен филм како филмот „Ко то тамо пева“.

-Политичкиот татко од Будимпешта му вели на својот послушен син од овде, кочи Мицко, а овој кочи ли кочи, па поради врзаните очи, не може да види какви штети им нанесува на граѓаните. Поради тоа, кочничарите ќе доживеат пораз на 17-ти октомври. Нема ништо што ќе не сопре. Одиме напред. Кутриот Мицкоски нема став, ниту по едно прашање, рече Заев, меѓу другото, во својот говор.

 

 

Слични содржини