Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
За животно дело во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на: проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Павле Кузманоски, академски сликар;
– Бедиа Бегова, актерка;
– Махи Несими, политиколог.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РСМ“.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.