Сугарески поднесе оставка во СДСМ по поразот во Прилеп

од Берта Китинска
1,5K прегледи

Поради неуспехот на локалните избори, оставка си даде денеска и Горан Сугаревски кој беше кандидат за градоначалник од СДСм во Прилеп.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“-се вели во постот на Горан Сугаревски на фејсбук.

Слични содржини