Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.0.
Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.5 %, маслото и маснотиите за 2.3 %, лебот и житата за 1.8 %, месото за 1.7 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1.2 %, млекото за 0.7 %, сирењето и урдата за 0.5 %, рибата и морските плодови, жестоките пијалаци за 0.3 %.
Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 9.2 %, течните горива за домаќинствата за 5.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 4.3 %, рестораните, кафулињата и слично за 2.0 %, обувките за 1.6 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.5 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот, часовниците и рачните часовници за 1.1 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, големите и малите електрични апарати за домаќинствата за 0.9 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, услугите за рекреација и спорт, услугите за сместување, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.8 %, теписите и другите подни покривки, игрите, играчките и хобијата за 0.7 %, текстилот за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.6 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.5 %, облеката, мебелот и покуќнината за 0.4 %, актуелните ренти исплатени од станари, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците, другите лични предмети за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.9 %, свежото и разладеното овошје за 2.0 %, пивото за 1.0 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 13.3 %, туристичките пакет-аранжмани за 6.4 %, велосипедите за 1.3 %, книгите за 1.1 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.4 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, моторните возила, домашните миленици и сродните производи за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6.1 %.