Филипче: Гинекологија во Чаир е налик на секоја европска и современа здравствена установа

од Nikola Popovski
430 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека современо опремен и целосно реновиран по сите европски стандарди е ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Тој напомена дека целосно реновирани се операционите сали, делот за интензивна нега и воведен е современ мониторинг за жените кои се породуваат.

-Целосно се реновирани амбулантите и опремени со нова опрема. Значајно го зголемивме степенот на квалитет што се дава во интензивната нега на новородените. Со сето ова, нивото на опременост на болницата се подигна на втор-а степен. Обновена е пералната на болницата, а исто така специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир е целосно гасифицирана. Во севкупниот план за унапредување на болницата за гинекологија и акушерство во Чаир се вклучени инвестициите од страна на Министерството за здравство во изминатите четири години, како и поддршката од страна на донаторите – Агенцијата ТИКА, ПРОЕКТ ХОУП и компанијата Алма М, за што искрено им се заблагодарувам. Сега оваа болница е налик на секоја европска, напредна и современа здравствена установа, а со експертизата на докторите континуирано ќе дава солидна и современа здравствена заштита за родилките и бебињата, објави Филипче.

Слични содржини