312
Шпански Атлетико Мадрид објави дека пет членови на тимот биле позитивни на коронавирус по проверка на протоколот во Ла Лига. Станува збор за главниот тренер Диего Симеоне и фудбалерите Антоан Гризман, Коке, Жоао Феликс и Хектор Ерера.
Петмината немаат никакви симптоми и се во карантин во своите домови.
Првиот натпревар во 2022 година за тимот на Атлетико Мадрид е дома против Рајо Ваљекано на 2 јануари во натпревар од 19. коло на Ла Лига.