Делови од регулативата на ЕУ за забрана на употреба на околу 4000 опасни хемикалии пронајдени во боите за тетоважи и трајната шминка стапија на сила во вторникот.
Ограничувањата вклучуваат хемикалии кои предизвикуваат рак или генетски мутации и хемикалии кои се токсични за репродукцијата и супстанции кои предизвикуваат преосетливост и иритација на кожата.
Комисијата наведува дека целта не е да се забрани тетовирањето, туку боите што се користат во тетоважите и трајната шминка да бидат побезбедни и дека постои алтернатива на забранетите супстанци на пазарот.
Досега, некои земји-членки имаа регулативи за ограничување на употребата на опасни хемикалии во мастилата за тетоважи, а сега новите правила на ниво на ЕУ овозможуваат еднаква заштита низ ЕУ, без оглед на земјата во која се тетовирани и дали мастилото е произведено во ЕУ или не.
Според статистичките податоци цитирани од Комисијата, се проценува дека околу 12 отсто од Европејците се тетовирани.