Секој од нас познава некој чии сопствени потреби се на прво место и кој е најважен за себе. Тие се толку важни за себе што не се грижат дури и ако ги повредат другите во обид да ги задоволат нивните потреби.
Ваквите личности според хороскопот најчесто се раѓаат во овие знаци.
Лав
Иако се многу грижливи, некои лавови можат да бидат вистински нарциси. Ова може да се должи на стравот што го чувствуваат кога се под некој притисок што остава трага на нивната самодоверба. Сепак, нарцизмот не е составен дел од нивната личност, тој обично е реакција на нешто.
Риба
Постојат фази кога рибите покажуваат нарцисоидно однесување. Тие можат да станат груби и да бидат приоритет за себе. Тие ретко сфаќаат дека се однесуваат така, но штом тоа ќе се случи, се погрижуваат да не се повтори.
Шкорпија
Шкорпиите обожаваат големи достигнувања и затоа понекогаш знаат да бидат нарцисоидни само за да ги постигнат своите цели. Имаат фази во животот кога само тие се грижат за себе и се останато изгледа како губење време. Сепак, ова не е често нивната доминантна карактеристика.
Стрелец
Стрелците понекогаш знаат да бидат најлошите нарциси од сите. Кога се во таа фаза не им е гајле за ништо. Се чини дека ништо не ги допира и само се загрижени да си посветат доволно внимание. Понекогаш им треба многу време за да излезат од таа фаза, пишува Пинквил.