Ериксен откри што помислил кога го вратиле во живот по срцевиот удар на ЕУРО

од Vladimir Zorba
429 прегледи

КРИСТИЈАН Ериксен се сеќава на се што се случи на 12 јуни минатата година, освен на оние пет минути „во кои го напушти овој свет додека лекарите се бореа да му го вратат пулсот“, призна тој во интервју за Би-Би-Си.

Зборуваше и за се што следеше и за неговото враќање на теренот.

Данска тој ден играше натпревар на Европското првенство против Финска, кога Ериксен колабираше на теренот. Осум месеци по срцевиот удар, брзата реакција на соиграчите, лекар кој му го спасил животот, поставување дефибрилатор и закрепнување, Ериксен е премиерлигаш од Брентфорд, среќен и благодарен на сите што го вратија во живот и испратија пораки за поддршка.

„Се сеќавам на сè освен оние пет минути што подоцна ми кажаа колку време траеше. Но се сеќавам на аутот од страна и моментот кога топката ме удри во коленото, а не што се случи потоа. Се разбудив опкружен со луѓе и почувствував притисок во градите. Се обидував да дишам и не разбирав што се случува“, изјави тој за Би-Би-Си.

„Не знаев што се случува, размислував дали нешто ми се случило со нозете или дали сум го повредил грбот. Во амбулантата слушнав како некој прашува колку време ме нема и одговорот од кој дознав беше дека сето тоа траело 5 минути. Тогаш прв пат слушнав дека не сум бил таму“, додаде тој и потврди дека неговото враќање го смета за чудо.

„Без сомнение, и ќе станам уште посвесен за тоа како ќе се приближува некој голем натпревар. Да се ​​биде на стадионот, да се игра на натпревар, тука се сите емоции, тоа е адреналинот“.

Тој призна дека не размислувал за крајот на кариерата, дури ни кога лежел на болнички кревет.

„Сакав да ги направам сите тестови и да разговарам со лекарите за тоа што е можно, а што не. Ми олесна кога ми рекоа дека ништо не се сменило освен дека имам вграден дефибрилатор, кој ми овозможува да живеам нормален живот и не ме спречува во било што. Да ми кажеа поинаку, работата немаше да се развие вака“, продолжи тој и заклучи:

„Не гледам никаква опасност. Имам дефибрилатор и сигурен сум ако нешто ми се случи. Враќањето секој ден е се поблиску и моментот кога ќе стапнам на теренот ќе биде посебен. Ќе биде нешто чудесно“.

Слични содржини