Симеоне: Ја искористија нашата единствена грешка

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази задоволство од ремито 1-1 на неговиот тим на „Ванда Метрополитано“ против Манчестер Јунајтед во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите.

Според аргентинскиот стручњак, Атлетико може да жали што „јорганџиите“ не победиле.

„Тие ја искористија единствената грешка што ја направивме во еден многу добар натпревар. Реинилдо се обиде да ја земе топката наместо да го заштити играчот. Сепак, задоволен сум, нашата игра беше на многу високо ниво. Со овој резултат реваншот останува отворен. Се чини дека предноста е на страната на Манчестер Јунајтед, но во пракса ништо не се промени и тргнуваме од почеток“, изјави Симеоне.

Слични содржини