Ериксен му се врати на фудбалот после 259 денови!

од Nikola Popovski
472 прегледи

Иако едвај го преживеа срцевиот удар на мечот на Данска против Финска на Европското првенство, после 259 денови, Кристијан Ериксен му се врати на професионалниот фудбал и ни помалку ни повеќе отколку во Премиер лигата!

Неверојатно, и покрај очекувањата на многумина да ја заврши кариерата по драмата во Копенхаген, Данецот се врати во голем стил.

Ериксен неодамна потпиша договор со Брентфорд, а денес дебитираше. Имено, тој во 52. минута го замени Јенсен, при водство на Њукасл со 2-0.

Данецот претходно настапи на пријателскиот натпревар на Брентфорд против Ренџерс, кога остави одличен впечаток.

Фото: Profimedia

Слични содржини