Полни торби, празни полици – укинувањето на замрзнатите цени ги исплаши граѓаните

од Берта Китинска
433 прегледи

Викендот, како и вчера граѓаните масовно купуваат основни прехранбени производи во исчекување на денешното одмрзнување на цените.

Граѓаните кои пазареа велат дека цените и пред да се одмрзнат се високи, а пари нема за да се прават залихи.

Од декември до вчера беа замрзнати цените на основните прехранбени производи. Со новата мерка се ограничуваат трговската заработувачка во трговијата на големо да биде 5 отсто, додека во малопродажбата највисоката заработувачка на овие производи може да изнесува 10 отсто. Ова, според властите, ќе придонесе да не доаѓа до раст на цените. Мерката ќе важи до крајот на мај.

Слични содржини