За речиси половина час ограбени две обложувалници во Скопје

од Nikola Popovski
464 прегледи

МВР информира дека вчера (06.03) ограбени биле две спортски обложувалници во Скопје.

Според полицијата три лица вчера во 21.20 часот ограбиле спортска обложувалница на булеварот „Партизански одреди“, а во 21:45 часот на улицата „Тале Христов“ се случил уште еден грабеж во спортска обложувалница.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Слични содржини