МВР информира дека вооружен грабеж се случил претпладнево во екзпозитува на „АД Пошта“ во тетовска Мала Речица. Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени.
„Денеска (11.04.2022) околу 10.15 часот во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa” пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, соопштија од полицијата.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.