315
Новиот шампион на Шпанија, Реал Мадрид не треба да се надева на домаќински однос од минатогодишниот шампион Атлетико за време на денешното дерби.
Од клубот соопштија дека нема да им прават „шпалир“ на играчите на противникот и да им честитаат за титулата пред натпреварот на стадионот „Ванда Метрополитано“.
„Им честитаме на Реал Мадрид, на нивните играчи и на стручниот штаб што завршија неверојатна работа“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
„Го почитувам Реал што стана шампион, но многу повеќе ги почитуваме нашите навивачи кои се секогаш со нас“, додаде Аргентинецот.
Атлетико треба да го добие дербито за да обезбеди пласман во топ 4 и учество во Лигата на шампионите за следната сезона.