Симеоне: Му се восхитувам на Анчелоти

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше пресреќен по победата над Реал Мадрид. Голот од пенал на Јаник Фереира-Караско на „јорганџиите“ им го донесе првиот успех против кралскиот клуб во Ла Лига во 2016 година. Тоа беше и прва победа на Атлетико во дербито на Ванда Метрополитано.

„Ништо не ни е загарантирано, потребни ни се повеќе бодови за да бидеме сигурни дека ќе играме во Лигата на шампионите. Преостанатите три натпревари нема да бидат лесни. Имавме многу можности да решиме се со втор гол, но не успеавме. Сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Навивачите никогаш не престануваат да не поддржуваат и ние сме одговорни пред нив“, изјави Симеоне.

„Поздравот со Анчелоти по натпреварот? Им честитав и на други тренери, како Бордалас и Марселино. Му се восхитувам на Анчелоти бидејќи тој се однесува на ист начин, без разлика дали неговиот тим победил или загубил“, додаде Аргентинецот.

Во следното коло „лос колчонерос“ гостува кај Елче и со победа може да обезбеди пласман во топ 4 од конечниот поредок.

Слични содржини