Состојки:
400 гр брашно
2 јајца
150 гр шеќер
50 гр маргарин
4 лажици млеко
1/2 прашок за пециво
4 лажици мелени ореви
1 лажичка какао
За фил:
1 литар млеко
3 жолчки
250 гр шеќер
6 лажици брашно
2 кесички ванилин шеќер
250 гр путер
80 гр чоколадо
За глазура:
стопена чоколада
Подготовка
Од наведените состојки замесете тесто и поделете го на четири дела. Секој дел растегнете го и ставете го на плех за печење. Се пече на 180 степени околу 15-20 минути.
За филот: измешајте ги жолчките и шеќерот, додадете брашно и додадете малку ладно млеко за да се измеша смесата, во преостанатото врело млеко сварете го кремот.
Кога кремот ќе се свари, згуснете и изладете, измешајте го изматениот путер. Поделете на 2 дела и во еден ставете стопена чоколада.
Филувајте наизменично: светол и темен крем, кората посипете ја со малку рум. На крај прелијте ја со чоколадната глазура.
Исечете ја следниот ден.