Тухел: Чудо е што стигнавме до третото место без Канте

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Менаџерот на Челsи, Томас Тухел, изјави дека третото место во Премиер лигата е „чудо“, со оглед на тоа што најголемиот дел од сезоната играа без Н’Голо Канте. Французинот синоќа го забележа само 20-от натпревар во кампањата во нерешениот резултат 1:1 против Лестер – резултат кој практично и го гарантира третото место на тимот пред последниот натпревар против испаднатиот Ватфорд во недела.

„Мислам дека тој е нашиот клучен, клучен, клучен играч. Таквите играчи мора да бидат на теренот, а одигра само 40 проценти од натпреварите, па можеби е чудо што завршивме третопласирани“, изјави Тухел. „Тој е нашиот Мохамед Салах, тој е нашиот Вирџил ван Дајк, тој е нашиот Кевин Де Бруин, тој е нашиот Нејмар, тој е нашиот Килијан Мбапе“, додаде менаџерот.

Канте, кој има уште една година од договорот со Стемфорд Бриџ, ја прекина сезоната поради повреди на препоните и коленото, како и поради КОВИД-19. Тухел го спореди ефектот од отсуството на 31-годишниот играч со оној на Ван Дајк во Ливерпул минатата сезона, откако холандскиот дефанзивец го пропушти поголемиот дел од кампањата поради повреда на коленото.

Тој е само играчот кој ја прави разликата, и ако го имате само 40 проценти од времето, тоа е огромен проблем. Со оглед на тој процент…тоа става сè во перспектива бидејќи го видовте Ливерпул минатата сезона без Ван Дајк и тие се бореа. Канте е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот“, додаде Германецот.

Слични содржини