Кристијан Ериксен би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, тврди „Мирор“. 30-годишниот играч од средниот ред играше солидно за Брентфорд во вториот дел од сезоната и го привлече интересот на голем број клубови кои сакаат да го земат како слободен играч.
Пред да се врати во професионалниот фудбал, Ериксен тренираше со Ајакс, каде ја започна својата кариера. Ерик тен Хаг лично му дозволи на Данецот да се подготвува со тимот и беше импресиониран од неговиот професионализам и неговата желба повторно да игра на највисоко ниво. Веќе во улога на менаџер на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг планира да го привлече Ериксен на местото на Пол Погба кој го напушта Олд Трафорд.
Самиот Ериксен не одлучил за својата иднина. Неговиот договор со Брентфорд вклучува опција за продолжување на уште една сезона и „пчелите“ се надеваат дека Данецот повторно ќе потпише.
Со тимот на Брентфорд, Ериксен одигра 11 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 1 гол и 3 асистенции.
Неодамна се шпекулираше дека играчот од средниот ред најверојатно ќе се врати во Тотенхем по наговор на Антонио Конте.