Ахмети ја пресече роденденската торта: Ковачевски, Заев и владини министри гости на 20-годишнината на ДУИ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во паркот во Чаир организира прослава по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.

Лидерот Али Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.

На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.

Вчера на плоштадот „Илирија“ во Тетово се одржа голем концерт.

На концертите учествуваа познати естрадни имиња.

Слични содржини