Ериксен го одби Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Играчот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен ја одби понудата на Манчестер Јунајтед. Неговиот договор со „пчелите“ истекува и тој станува слободен агент. Од „Олд Трафорд“ сакаа да го земе без пари за да ја пополнат празнината на средината на теренот оставена по заминувањето на Пол Погба, Немања Матиќ и Хуан Мата, но се чини дека Данецот има други планови, пренесе „Атлетик“.

Јунајтед го контактираше Ериксен за да даде конкретна понуда, но тој побрзал да одговори „не“. Главната причина за тоа е што играчот сака да остане во Лондон, каде што се чувствува добро.

Така, за Ериксен остануваат две опции за продолжување на кариерата. Една од опциите е да потпише нов договор со Брентфорд и да остане во овој клуб. Другата опција за него е да се врати во Тотенхем, кој исто така сака да го земе во својот тим.

Иако Брентфорд е клубот кој веруваше во Ериксен и му даде шанса да ја оживее кариерата, која се чинеше завршена откако доби срцев удар за време на ЕП 2020, Тотенхем може да има предност во битката за Данецот. Тоа лежи во фактот дека Спарс во новата сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, играчот од средниот ред ја знае ситуацијата во клубот, каде што го помина најголемиот дел од својата кариера.

Слични содржини