Први снимки од драмата во Вашингтон: Убиен тинејџер на фестивал (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Момче (15) е убиено, а три лица, меѓу кои и еден полицаец, се повредени во престрелка што се случила на музички фестивал во Вашингтон во неделата вечерта.

Престрелката се случила на раскрсницата на две улици, откако луѓето почнале да се разотидуваат од фестивалот Моечела, кој полицијата малку порано го прекинала поради загрозена безбедност.

Настанот бил најавен како „мирни демонстрации“, но полицијата за два часа пронашла неколку парчиња огнено оружје кај посетителите на фестивалот.

Не е познато што му претходело на пукањето во кое животот го загуби тинејџер. Полицаец бил погоден во нозете, а двајца возрасни со непознати повреди се префрлени во болница. Како што се наведува, тие се во стабилна состојба.

Американските медиуми наведуваат дека во пресрет на пукањето дошло до тепачка меѓу посетителите на фестивалот и по тој повод биле пронајдени неколку парчиња огнено оружје. Во таа тепачка се повредени неколку лица, а луѓето вознемирено почнале да бегаат и почнало стампедо.

Тогаш полицијата донела одлука да го прекине фестивалот, бидејќи ситуацијата се заканувала да ескалира. Полицијата и брзата помош излегле на местото за да им помогнат на повредените во стампедото кога одекнале истрелите. Еден куршум погодил момче (15) кое починало, а три лица се ранети.

Полицијата, исто така, наводно пронашла пиштол во близина на една од жртвите, но тој не бил употребен во престрелката. Полицијата соопшти дека немало размена на оган меѓу напаѓачот и жртвите, како и меѓу напаѓачот и полицијата.

– Пред пукањето, нашите припадници одзедоа едно нелегално оружје. Потоа уште еден, а бркале едно лице кое исто така било вооружено – соопштија од полицијата.

Како што посочуваат, пиштолот од кој е убиен тинејџерот се уште не е пронајден.

Осомничениот за убиството се уште е во бегство.

Слични содржини