Пике му се извини на Хамилтон, негира дека е расист

од Vladimir Zorba

Откако вчера во светските медиуми се појави интервјуто на Нелсон Пике, дадено во ноември минатата година, денеска Бразилецот се извини. Расистичката навреда на Пике кон Луис Хамилтон предизвика остра реакција кај Формула 1, тимовите и самиот Хамилтон.

Сега Пике издаде изјава во која вели дека „сака да ги отфрли приказните што кружат во медиумите за неговото интервју минатата година“.

Пике признава дека тоа што го рекол е „лошо и не сака да се брани поради тоа“, тој објаснува дека терминот што го користи – „neguinho“, всушност се користи во Бразил и бразилскиот португалски како синоним за „момче“ или „маж. „И никогаш немал намера да го навреди Луис.

Пике негира каков било посебен третман за обоените пилоти и му се извинува „со цело срце“ на Луис, за кој вели дека е „неверојатен пилот“. Трикратниот светски шампион додаде дека преводот на терминот што го користат медиумите ширум светот е „неточен“, бидејќи го обвинија дека Луис го нарекол „мал црнец“.

„Дискриминацијата нема место во Формула 1 или општеството и среќен сум што можам да ги разјаснам моите размислувања на оваа тема“, додаде Пике.

Слични содржини