Поранешниот шампион Нелсон Пике до крајот на животот нема да може да присуствува на трките во Формула 1 поради расистички навреди кон Луис Хамилтон, објавија англиските медиуми.
Во подкаст минатата година, Бразилецот го нарече Хамилтон со португалскиот термин „негрињо“, што значи „мал црнец“.
Иако рече дека тоа е сленг што се користи во Бразил, Пике беше обвинет за расизам.
„Би сакал да објаснам што се случува со коментарите што ги дадов во едно интервју минатата година. Тоа што го кажав беше лошо и не можам да се бранам поради тоа, но сакам да објаснам дека тоа е термин што се користи колоквијално во бразилскиот португалски како синоним за „момче“ или „личност“ и никогаш не бил навредлив. Никогаш не би користел збор што некои наведоа дека сум го искористил.
„Најостро го осудувам секое тврдење дека сум го користел тој збор за расна навреда на возачот. Се извинувам на сите што беа навредени, вклучувајќи го и Луис, кој е неверојатен возач, но преводот не беше точен. Дискриминацијата нема место во Ф1 и во општеството“, рече Пике во извинувањето до Хамилтон.
Ова е првпат поранешен шампион да биде казнет со забрана за доаѓање на трки.