Северен тек 1 од денеска без гас, германски министер изрази загриженост

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Најважниот гасовод што ја снабдува Германија со руски гас, Северен тек 1, од денеска нема да работи поради ремонт, како што претходно најави операторот, што ја зголемува вознемиреноста во Германија дека тоа може да значи целосно „завртување на вентилот“.

Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што за време на ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

„Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од претходно, но може да има и целосен прекин на испораките“, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

Слични содржини