Пожарникарите денеска се борат со повеќекратните пожари во Шпанија откако невообичаено високите температури достигнаа 45,7 степени Целзиусови.
Во топлотниот бран кој траеше речиси една недела, 30 луѓе починаа од високите температури, покажуваат податоците на здравствениот институт Карлос III, пренесе „Ројтерс“.
Повеќе од 3.000 луѓе досега се евакуирани од своите домови поради големиот пожар во близина на Мијас, град во провинцијата Малага популарен меѓу туристите од северна Европа, објавија службите за итни случаи во регионот на Твитер.
Многу од нив се сместени во провинцискиот спортски центар.
Пожар беснее и во близина на Касас де Миравете во областа Екстремадура, каде што беше искористена вода од хеликоптер за гаснење на пожарот, кој изгоре 3.000 хектари вегетација.
Поради пожарот, кој се приближил до националниот парк Манфраг, евакуирани се жителите на две села.
Пожарите го зафатија и централниот регион Кастилја и Леон и Галиција на север.