Еден молдавски државјанин загина, а друг е повреден во напад на украинско беспилотно летало на граничната точка Тројобортноје во руската област Брјанск, соопшти Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Молдавија.
„Според информациите на молдавската амбасада во Москва, еден државјанин на Молдавија починал, а друг е хоспитализиран на одделот за интензивна нега на Централната окружна болница во градот Севска во областа Брјанск“, се вели во соопштението на министерството објавено на каналот Телеграм, пренесува ТАСС.
Според рускиот истражен комитет, украински дрон фрлил експлозивна направа врз возило на контролниот пункт Тројобортноје.
Според гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, четири лица се повредени, а едно подоцна им подлегнало на повредите.