241
Хади Матар, осомничениот напаѓач на Салман Ружди, изјави дека бил изненаден кога дознал дека славниот писател го преживеал нападот, пренесува АП.
Во интервју за американски „Њујорк пост“ од затвор, Матар (24) изјави дека „прочитал неколку страници“ од романот на Ружди „Сатанските стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако видел објава на Твитер дека писателот ќе биде гостин во Институтот Чаутаука во американската сојузна држава Њујорк.
„Не ми се допадна тој човек, мислам дека не е добар. Тој е некој што го нападна исламот, ги нападна неговите верувања и религиозниот систем“, нагласил Матар.