181
Пожарот што уништи повеќе од 3.700 хектари земјиште во винарскиот регион Медок во југозападна Франција сега е под контрола, соопштија денеска локалните власти.
Пожарот што избувна во понеделникот го гаснеа речиси 1.000 пожарникари.
Пламените јазици уништија четири куќи и неколку згради, а повеќе од 1.800 луѓе беа евакуирани.