Пике повторно во центарот на вниманието: Еве колку ја наплати „љубовта“ кон Барса

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Откако фудбалската јавност дозна што всушност се крие зад лажните солзи на Меси, фокусот сега е на Пике (35).

Поранешниот партнер на Шакира, Жерар Пике, беше јавно етикетиран како „милостив“ откако наводно се согласи на значително намалување на платата само за да ја одржи Барселона во живот за време на пандемијата. Но, реалноста е нешто поинаква.

Така шпанскиот дневен весник „Ел Мундо“ излезе со информација дека Пике е убедливо најплатениот дефанзивец во светот. Имено, Пике од 2017 до 2022 година заработувал 28,4 милиони евра бруто по сезона, односно вкупно неверојатни 142 милиони евра. Наводно на тогашниот претседател Бартомеу му рекол дека сака да заработи повеќе од неговиот сонародник, ривалот од Реал Мадрид, Серхио Рамос. Секако, желбата му се исполнила.

Но фудбалот не му е единствениот извор на приход. Пике е сопственик на компанијата „Космос“, која го продуцираше познатиот документарен филм за Гризман и неговата преселба во Барселона. Поради истата компанија тој се најде во конфликт на интереси и му нанесе штета на каталонскиот клуб, но поради евентуален медиумски притисок ги прекинаа сите правни дејствија и санкции кон играчот.

Да потсетиме, Пике и оваа година се најде во центарот на скандал откако „Конфиденцијал“ објави снимка на која тој преговара со претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес за одигрување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија. Работата требаше да оди преку неговата компанија „Космос“, а доколку планот се реализираше, фудбалерот на Барселона би заработил шест милиони евра.

На крајот на краиштата, додека Барса се „редизајнира“ и ги носи најдобрите играчи во светот и отпушта нешто помалку од тоа, Пике сè уште игра за нив. Сега е јасно, не поради квалитетот, туку затоа што му должат, очигледно, многу пари. Пике одигра преку 600 натпревари за Барселона и освои, меѓу другото, три ЛШ и осум титули во шпанската лига.

Слични содржини