И НАТО смета дека станува збор за саботажа

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

НАТО смета дека оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 во меѓународните води во Балтичкото Море е резултат на саботажа.

„Оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во меѓународните води во Балтичкото Море предизвикува длабока загриженост. Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа. Овие истекувања предизвикуваат ризици за транспорт и значителна штета на животната средина.Ги поддржуваме тековните истраги за утврдување на потеклото на штетата“, се вели во соопштението на НАТО.

Западната воена алијанса истакнува дека нејзините членки се обврзале да се подготват за одвраќање и одбрана од употреба на енергија и други хибридни тактики од страна на државните и недржавните актери.

„Секој намерен напад врз критичната инфраструктура на сојузниците би бил одговорен со обединет и решителен одговор“, соопшти НАТО, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини