Камила цел живот одбива една работа: „Никој нема да ме присили на тоа“

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Иако е љубител на накит, кралицата Камила никогаш во животот не сакала да ги дупне ушите и носи само обетки со „штипка“ кои само се ставаат на увото.

„Сигурно нема да ги дупнам ушите, никој нема да ме присили да го направам тоа. Досега го одбивав тоа и сè уште го одбивам, сигурно нема да се предомислам сега на 75 години“, изјавила таа неодамна.

Според странските медиуми, Камила наводно верува дека со овој чин ќе го „осквернави човечкото тело“.

Сепак, принцезата Кејт и Меган Маркл, па дури и покојната кралица Елизабета, имаа дупнати уши и беа познати како големи обожаватели на класичните обетки.

Слични содржини