Од полиците се повлекуваат 20 тони од млекото „Милкано“

од Nikola Popovski
235 прегледи

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „Милкано“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот, велат од АХВ.

Од полиците се повлекуваат 20 тони од „УХТ ТРАЈНО МЛЕКО“, „Милкано“ 3,2%, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.

„Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување. Ги информираме потрошувачите дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба. Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде што е купен. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]“, велат од Агенцијата за храна.

Синоќа од ланецот супермаркети Стокомак синоќа упатија апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

-Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш е повлечено од промет. Поради овој огромен пропуст нашата компанија повеќе нема да соработува со оваа млекара. Се извинуваме на сите наши ценети потрошувачи за овој пропуст кој нема да дозволиме да се повтори во иднина. Воедно ве информираме дека од овој производ како и останатите Милкано производи ен се спорни во овој случај, информираа од Стокомак.

Слични содржини