586
Комбинација од состојки во кои ќе уживате.
Состојки:
– 200 гр пире од тиква
– 800 мл млеко
– 100 гр бело чоколадо
– 1 ванилин шеќер
– 1/2 лажичка цимет
– по малку ѓумбир, морско оревче и каранфилче
Подготовка:
Чоколадото искршете го на коцки и ставете го млекото да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од шпорет и додадете ги коцките чоколадо, па мешајте додека не се растопи.
Потоа додадете ванилин шеќер и зачини, измешајте. Уште топло ставете во блендер заедно со пирето од тиква и изблендирајте.
Напитокот може да се попрска со цимет и да се служи топол или ладен по желба.
На здравје!