Половина Молдавија остана без струја поради руските ракетни напади врз Украина

од Stefanija Kuzmanovska
107 прегледи

Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа на територијата на половина Молдавија да снема струја, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину.

„Молделектрика работи на обновување на повеќе од 50 отсто од снабдувањето со електрична енергија во земјата“, наведе Спину, пренесе „Ројтерс“.

Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од граѓаните да останат смирени.

Слични содржини