230
Овошна каша за оние кои постат.
Состојки:
(за 2 лица)
– 4 лажици овесни снегулки
– 1 лажица чиа семе
– 1 банана
– грст овошје по желба или микс
– 5-6 бадеми
– 1-2 лажици мед
– 2 dcl вода
– прстофат сол
Подготовка:
Чиа семките потопете ги во малку вода, најдобро е да ги оставите да отстојат подолго, но може и до 20 минути, доколку немате повеќе време.
Во блендер изблендирајте половина банана со половина од овошјето.
Ставете ја водата да зоврие, а потоа додадете овесна каша и малку сол.
Гответе и мешајте непрекинато со дрвена лажица неколку минути.
Кога ќе згусне, тргнете ја од шпорет и додадете мешано овошје, мед по потреба и чиа семе.
Истурете во чинии, додадете го остатокот од овошјето и сечканите бадеми.