Царината заплени 35 килограми кафе во зрно на „Табановце“

од Nikola Popovski
450 прегледи

На граничниот премин „Табановце“, Царинската управа запленила 35 килограми кафе во зрно.

-На 14.01.2023 во утринските часови, при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа и царинските службеници од ЦИ Табановце на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 35 килограми кафе.

Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Љубљана (Словенија), бил селектиран за контрола и упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности и сомнителни форми во пределот на задната врата. По извршената детална контрола во фабричка празнина на автобусот се пронајдени 35 пакувања од по 1 кг кафе во зрно LAVAZZA, велат од Царината.

Стоката е привремено задржана и предметот е предаден во понатамошна постапка.

Слични содржини