Кракен е варијанта на коронавирусот што се шири скоро 40 проценти побрзо од неговите претходници и може да стане доминантен кај населението.
Во моментов нема официјални информации за раните знаци на новата варијанта на коронавирусот, но експертите мислат дека симптомите ќе бидат слични на другите соеви на омикрон.
Д-р Алисон Арведи од Одделот за јавно здравје во Чикаго, исто така, смета дека симптомите на кракен не се многу променети.
„Гледаме дека се повеќе луѓе всушност имаат симптоми слични на настинка“, рече д-р Арведи на прес-конференција.
Ова значи дека симптомите како што се течење на носот, болки во грлото, кашлица и затнатост може да се очекува да бидат чести.
Д-р Арведи додаде дека високата температура, која е карактеристична за грипот, е многу редок симптом на кракен.
Оние кои биле вакцинирани, доколку се заразат, се очекува да имаат поблаги симптоми на болеста.