169
Русија побара од американската амбасада во Москва да престане да шири лажни вести во врска со нејзината воена операција во Украина и се закани дека ќе протера американски дипломати, јави денес ТАСС.
Повикувајќи се на висок извор од руското Министерство за надворешни работи, ТАС С објави дека е доставена официјална нота до американската амбасада во Москва, со предупредување дека американските дипломати вклучени во субверзивни активности ќе бидат протерани, пренесе Ројтерс.
Новиот американски амбасадор во Москва, Лин Трејси, пристигна во главниот град на Русија минатиот месец.