Намирници кои предизвикуваат главоболка

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Како што одредени намирници можат да бидат природни лекови против болка, така постојат и такви за кои се верува дека предизвикуваат дури 30 отсто од мигрените и главоболките. Затоа многу е важно да се води сметка што се јаде и да се одбегнуваат овие намирници доколку патите од чести главоболки.

Пред се, не треба да се „прескокнуваат“ оброците, дури и ако сте на диета и сакате да ослабнете. Доколку често одбегнувате одредени оброци, можете да предизвикате пад на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до мигрена.

Трудете се да јадете редовно и да се храните здраво, па често да консумирате овошје и зеленчук, житарки од цело зрно и немасно месо, кои ќе ви помогнат да ја одржите витката линија, но и кои ќе спречат телото да ви „гладува“.

Еве кои се намирници доведуваат до главоболки:

Кинеска и кисела храна

Азиската храна по правило е полна со силни зачини, а во неа се додава и моносодиум глутамат (MSG), средство за засилување на вкусовите, кое може да биде причина за главоболка. Овој засилувач на вкусови се наоѓа во супите, смрзнатата и преработена храна и во конзервираната храна. MSG го има и во закиселената ферментирана храна или храна која е на некаков начин маринирана.

Кофеин

Вистина е дека кофеинот, во мали дози, може да ја засили будноста. Меѓутоа, големи количини кофеин можат да доведат до раздразливост, несоница, анкциозност и мигрена. Кофеинот, ако долго се консумира, може да доведе до хемиска толеранција на телото, па со нагло престанување на неговото консумирање да се појави мигрена. Кофеинот освен во кафето го има и во чоколадата, газираните сокови, чаевите и енергетските пијалоци. Покрај намирниците и пијалоците богати со кофеин, треба да се одбегнуваат исто такак и диеталните сокови, грицките и нискокалоричните слатки, бидејќи содржат во себе аспартам – вештачки засладувач, кој исто така може да предизвика главоболка.

Виршли

Виршлите се омилена храна на многу деца, но често и на многу возрасни. Меѓутоа, иако знаеме дека тие не се најдобриот здрав избор и дека треба да се одбегнуваат, оваа причина е плус за да се откажете од нив. И многу други преработки, како што се колбаси и салами исто така содржат во себе тирамин, но и натриум нитрат, кои можат да доведат до појава на мигрена.

Лук

Иако лукот е многу здрав и треба редовно да се јаде за да се зајакне имунитетот и за да се спречат или лекуваат разни болести, сепак не треба да се претерува со неговото консумирање и да се јаде во умерени количини, бидејќи и тој содржи во себе тирамин и може да биде причина за појава на чести главоболки.

Алкохолни пијалоци

Црвеното вино како и лукот е многу здраво и може да помогне во поправање на крвната слика, да го регулира крвниот притисок и да го зајакне организмот. Сепак, не смее да се консумира во големи количини, бидејќи во тој случај може да биде причина за појава на мигрена. Истото се однесува и на белото вино и пивото. Сите овие алкохолни пијалоци содржат во себе тирамин. Освен тоа, алкохолот го зголемува дотокот на крв во мозокот, што може да доведе до појава на мигрена или да ја засили веќе постоечката.

Слични содржини