„Ќе паднеме, мртви сме“: Језиви детали, ова се последните зборови на пилотот на Air France

од Stefanija Kuzmanovska
608 прегледи

Пилотот на Air France кој управувал со Airbus 330 кој се урна во океанот, при што загинаа сите патници и членови на екипажот во него, изговорил три застрашувачки последни зборови пред падот.

Авионот се урна во 2009 година, при што загинаа 228 патници додека патуваше од Рио де Жанеиро до Париз. Air France беше вмешан во правен спор до понеделник, 17 април, обвинет дека е кривично одговорен за убиство од небрежност поради смртта на 228 луѓе.

Вчера Air France и Airbus беа ослободени од обвинението за убиство од небрежност. Однесувањето на пилотите – Марк Дубоа (58), Дејвид Роберт (37) и Пјер-Седрик Бонин (32) и културата на летовите беа она што беше спорно. За време на понатамошната истрага, се покажа дека двајцата пилоти заспале, еден по друг, кога требало да управуваат со авионот.

Снимените разговори во пилотската кабина го открија и застрашувачкиот завршен разговор на „тројката“. Помалку од две минути откако откажала клучната опрема за летање, започнала паника. Можел да се слушне Роберт како вели: „Срање, ќе паднеме! Не е вистина! Но што се случува?“.

Или Роберт или Бонин потоа додаваат: „Срање, мртви сме“. Потоа, четири часа и 15 минути по полетувањето, авионот се урна во Атлантикот.

Бонин, кој поради положбата и возраста го нарекувале „бебе на компанијата“, бил принуден да се справи со тешкиот лет додека неговите претпоставени спиеле.

Летот AF447 се урна и потона во Атлантскиот Океан на 1 јуни, при што загинаа 216 патници и 12 членови на екипажот. Во авионот имало државјани на 33 земји, меѓу кои 72 Французи и 58 Бразилци.

Тоа е најтешката несреќа во историјата на француската компанија.

Слични содржини