Кина може да одигра одлучувачка улога во ставањето крај на војната во Украина како постојана членка на Советот за безбедност на ОН доколку тоа го сака, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска, која во Берлин се сретна со кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Чин Ганг.
Чин рече дека Кина ќе одржува комуникација со сите страни во украинската криза како дел од нејзините напори да постигне прекин на огнот, објави Ројтерс.
Кина нема „да го гледа огнот од другата страна“ или „да долева масло на огнот“, рече Син на заедничката прес-конференција со Аналена Бербок.