Се продава познат накит на принцезата Дaјана, самата го дизајнирала

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Бисерен ѓердан и обетки кои ги носеше покојната британска принцеза Дајана на едно од нејзините последни јавни појавувања ќе бидат понудени на аукција во јуни.

Во јуни 1997 година, принцезата Дајана присуствуваше на изведбата на Лебедово езеро на Британскиот национален балет во Ројал Алберт Хол во Лондон каде што носеше ѓердан од бисери од Тихиот океан и дијаманти.

Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот и двапати беа објавени на насловната страница на списанието People, вклучувајќи го и изданието со тврд повез од 1998 година.

Ѓерданот е дело е на златарницата „Гарард“, а во неговиот дизајн учествувала и Дајана.

По балетот, таа го вратила за „Гарард“ да може да направи пар соодветни обетки.

Но, во меѓувреме, таа почина во Париз.

Комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе биде понуден на аукција во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни.

Ѓерданот се состои од 178 дијаманти и седум бисери од Јужното Море во платина.

Дијамантите имаат вкупно повеќе од 50 карати.

Слични содржини