Османи положи цвеќе и оддаде почит пред училиштето „Рибникар“ во Белград

од Nikola Popovski
348 прегледи

Шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи попладнево положи свежо цвеќе пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

-Им оддадов почит на жртвите од грозоморниот инцидент и пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Го изразувам моето најискрено сочувство до семејствата, пријателите и сите луѓе во Србија, објави Османи на Твитер.

Масакрот во Основното училиште „Владислав Рибмникар“ во белградската општија Врачар се случи на 3 мај овој месец, кога малолетниот К.К. (13) инаку ученик од тоа училиште вооружен влезе во училиштето и најпрвин уби чувар, а потоа уби осум ученици.

Слични содржини