Почина Драги Христов – „Шпага“

од Stefanija Kuzmanovska
639 прегледи

Драги Христов, познат по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување.

На Христов му бил констатиран карцином на белите дробови, пишува порталот „Вистина.мк“.

Тој ѝ стана познат на пошироката македонска јавност во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија. Шоуто се викаше „Тоа сум јас“.