Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека, доколку Србија наскоро не ги ослободи тројцата неодамна уапсени косовски полицајци, тоа може да доведе до формирање на „Република КФОР“ на северот на Косово.
Рама на својот Твитер напиша дека, во случај ситуацијата да не се смири, голем губитник ќе биде Приштина.
„Се плашам дека колку повеќе Курти инсистира да биде сам против сојузниците, толку ситуацијата ќе се влошува, враќајќи го КФОР на чело! А во тој случај, збогум на периодот од кој знае колку формалната контрола на државата над целата територија и тогаш ќе уживаме во ‘република КФОР’ на северот на Косово. Албине, излези од самоизолација, немој да го изгубиш северот затоа што насекаде гледаш непријатели и предавници. Времето брзо оди“, додаде Рама.