Османи од Австрија во Хрватска – ќе се сретне и со Габриел

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува со работна посета на Република Хрватска, каде што ќе учествува на Дубровник форум 2023.

Агендата на форумот почна вечерва со настан организиран од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ додека во текот на утрешниот ден Османи ќе има обраќање на панелот “Западен Балкан: Нов евро-атлантски моментум”.

На маргини на учеството на форумот, Министерот ќе оствари и бројни билатерални средби, меѓу кои со заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел, со Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со министерот за надворешни работи на Република Ерменија, Арарат Мизорјан.

Слични содржини