290
Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерството за образование да ја интензивира работата со младите од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и да им ги „објасни причините и целите на специјалната воена операција“ на учениците и студентите.
Тој побара да се работи на „зајакнување на серускиот национален идентитет во тие области“, пренесува „Ведомости“.
Според рускиот весник, инструкциите биле дадени по состанокот на Советот за меѓународни односи одржан на 19 мај, а наредбите мора да бидат исполнети до први октомври годинава.