Доколку биде осуден, речиси половина од републиканците не би гласале за Трамп

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Поранешниот претседател, републиканскиот фаворит за претседателските избори следната година, Доналд Трамп ќе се појави пред суд во четврток под обвинение за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Два други случаи се во тек против милијардерот: еден во државата Њујорк за наводни плаќања на порно актерка за да молчи за нивната врска и друг на федерално ниво за земање доверливи документи откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Испитаниците беа прашани дали ќе гласаат за Трамп следната година доколку поротата го прогласи за виновен. Четириесет и пет отсто од републиканските гласачи рекле дека нема, а 35 отсто рекле дека ќе гласаат. Другите рекоа дека не знаат.

На прашањето дали би гласале за Трамп доколку заврши во затвор, 52 отсто од републиканците одговориле дека нема, а 28 отсто одговориле дека ќе гласаат.

Трамп останува на ставот за својата невиност и ги обвинува истражителите дека воделе „лов на вештерки“ за да ја запрат неговата политичка кампања.

Поранешниот претседател ги искористи првите обвиненија во април, зголемувајќи ја предноста пред републиканскиот противкандидат, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

Новата анкета покажува дека водството на Трамп продолжува да расте. Тој во моментов има 47 отсто од републиканската поддршка, исто како и во јули, а рејтингот на ДеСантис е намален за шест процентни поени на 13 отсто.

Слични содржини