Вучиќ очекува средба со Путин во Кина

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ планира да ја посети Кина во октомври, каде може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави руската агенција ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Вучиќ дадена за време на гостувањето на ТВ Хепи.

„До крајот на годината очекувам сериозни и важни дискусии со нашите многу, многу важни партнери. Во октомври ќе остварам важна посета на Кина. Големото прашање е што ќе се случи таму бидејќи се очекува и доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Вучиќ во четвртокот вечерта на ТВ Хепи, пренесува ТАСС.

Московската агенција потсетува дека и претседателот на Република Српска изјавил дека очекува оваа есен да ја посети Кина и таму да се сретне со Путин.

Посетата на Путин на Кина е закажана за октомври кога Кина ќе биде домаќин на форумот „Еден појас, еден пат“, изјави претходно помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Србија „не сака да живее во диктатури, ниту во деспотски режими, туку во демократии во кои никој нема да убива политички противници или да осудува некого на 30 или 40 години затвор затоа што некој им рекол дека водат лоша политика“, посочи Вучиќ во четвртокот.

Слични содржини